Девет мигранти и возачот 19-годишник од Скопје кој ги превезувал во патничко возило вчера на излезот од автопатот кај Демир Капија биле запрени и приведени во Полициска станица за понатамошна постапка. 

Како што соопшти МВР, вчера во 17.55 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, на клучка кај село Миравци, полициски службеници забележале патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.С. (61) од Скопје, а управувано од Е.И. (19) од Скопје (кој возилото го управувал без да се стекне со право за управување на возило), кое се движело со голема брзина. 

– Во близина на тунелот и мостот на реката Вардар кај Демир Капија возилото застанало и од него излегле повеќе лица, по што продолжило со движење кон Демир Капија. Кога возилото се исклучило од автопатот било запрено  од полициски службеници. На местото биле затекнати девет лица-мигранти, без документи за идентификација. Возачот Е.И. и мигрантите биле приведени во Полициска станица за понатамошна постапка – наведуваат од МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.