Полицијата приведе две лица во близина на бензинска пумпа на автопатот Тетово – Скопје, кај нив бил пронајден кокаин.

Според информациите на МВР, ноќеска во 00.10 часот уапсени се Б.И.(38) и Ш.Б.(57), двајцата од Тетово, бидејќи кај нив бил пронајден кокаин.

По документирање на случајот против нив ќе бидат изготвени поднесоци за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.