Двајца малолетници од гостиварски Добридол се приведени, во присуство на родител поради сомнение за учество во нападот врз малолетник од истото село што се случи пред два дена, а во кој бил употребен нож.

– Кај едниот од приведените е пронајден остар предмет – инфрмираат од полицијата.

Од МВР уверуваат дека се расчистува случајот, по чие документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.