Две лица од Штип се лишени од слобода откако при контрола кај нив било пронајдено пакување со хероин, информира министерството за внатрешни работи.

Од таму појаснуваат дека денеска полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во содејство со СВР Скопје -Единица за недозволена трговија на наплатна рампа “Миладиновци” ги лишија од слобода Т.З.(43) и Ш.Н.(30), двајцата од Штип.

При извршена контрола на патничко возило “Голф”, со штипски регистарски ознаки, управувано од Ш.Н. од Штип, во кое сопатник бил Т.З. и преглед над двете лица, полициските службеници кај лицето Т.З. пронашле полиетиленско пакување хероин. Двајцата се приведени во Полициска станица Гази Баба, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, известува МВР.