Приведени две лица од Велес, кај кои при претрес биле најдени дрога, оружје и други работи.

– При претрес во домот на Л.Л.(35) и С.Т.(46), двајцата од Велес, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, куршуми калибар 6,35 мм, шприц со непозната течност, неколку дигитални ваги, пасош на име на друго лице и други предмети. Л.Л., исто така, се сомничи дека е сторител на кривично дело разбојништво. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. – информираат од МВР