Полицијата приведе сопственичка на угостителски објект во Трубарево затоа што работел и по 21 часот.

Според информациите на МВР, вчера во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека угостителски објект во село Трубарево работи по 21 часот. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека објектот работи и во него има гости.

Во Полициската станица бил извршен разговор со сопственичката С. С. (46) од Скопје и по целосно документирање на случајот, во координација со Државниот пазарен инспекторат, против неа ќе биде поднесена кривична пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.