Агапи Дика, претседатеката на Собранието на „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски – Боки 13, на сведочењето во судот кажа дека потпишувала договори за проекти на здружението, но само формално. Таа рече дека одела во просториите на „Меѓународен сојуз“ по повик и не присуствувала на состаноците помеѓу компаниите „Дрим билдинг“ и „Пелистер“, а за сумите на договорите дознала откако биле потпишани. Таа посочи повеќе функционери и претставници на инсистуции кои присуствувале на состаноците кои ги одржувал Меѓународниот сојуз.

– Доаѓаа луѓе да нудат проекти. Не сум била присутна кога нуделе. Фросина доаѓаше во „Меѓународниот сојуз“ неколку пати, сум ја видела. Ги имам видено сопственикот на „Пелистер“ и сопственикот на „Дрим Билдинг“. Имаше ептен добри презентации од двете фирми. Дојде до склучување на договори. Се имам потпишувано на тие договори бидејќи верувам во тие проекти. Ги видов проектите, со архитетки од „Пелистер“ и „Меѓународниот сојуз“. Требаше да се започне со реализација, но не се започна.

„Меѓународниот сојуз“ беше тука за менаџирање во странство. Не знам од кои причини, не можам да се сетам. Доаѓаше Љиљана Тодоровска. Вториот пат Бојан ми рече да ѝ кажам да си оди без да ми ја каже причината. Ми беше незгодно, но ѝ кажав. Се реализираа проекти, носевме храна на социјално ранливи категории. Не ми било кажано од каде пари за овие проекти, не сум учествувала во преговарање. Јас износите за „Пелистер“ и „Дрим билдинг“, не ги знаев, подоцна дознав. Викнете ги сопствениците и прашјте ги. Можам да избројам колку пати сум била во „Меѓународниот сојуз“. Два при Чифлиганец и тука сум присуствувала. Имаше плац во населба Илинден и сакаше тука да прави старечки домови. Отиде делегација да види и не чинеше нешто земјиштето – рече Дика.

Дика објасни дека потпишала договор за стратешко партнерство и деловна соработка, но не знаела за сумата во договорот.

– Овие договори ги видов на телевизија и Зоран Божиновски ги имаше објавено. Двата договори беа потпишани во ист ден. Сум потпишала, но не сум знаела што потшишувам. Од мене сѐ се криеше – кажа Дика.

Таа објасни дека побарала да биде изземена од функцијата претседател на Собрание, бидејќи таа била само формално пишана, но не учествувала во одлучувањето ниту работата.

– Со Бојан Јовановски бевме фамилијарно поврзани, а него го знам од бебе, можам слободно да кажа дека израсна со нас. Бојан во Македонија беше познат по естрадата, правеше забавни емисии, шоуа, па отиде во Белград. Бојан се врати од Белград, бевме на гости кај Јасмина и Миле, дојде Бојан и кажа дека сака да формира „Меѓународен сојуз“ за помош на социјални категории граѓани во Македонија. По кусо време ми кажа дека онлајн е избран да го основа „Меѓународниот сојуз“ во Македонија. За да се основа, требаше здружение.

Асистентката Кристина ми донесе документ да потпишам за основач и го потпишав на улица на кола. На основачкото собрание на „Меѓународниот сојуз“ беа присутни Стефан Богоев, Жерновски, Костадин Костадинов, мислам беше Петре Шилегов, тогашниот англиски амбасадор, претставници на институции. „Меѓународниот сојуз“ требаше да се занимава со помош на социјално-ранливи категории. Мојата функција беше претседател на Собрание.

Првото Собрание го водев јас, но фактички како да не го водев. Кирил Ефремов беше како претседател на Бојан и тој ги правеше тие записници и други документи. Ме прекинуваше постојано, како тој да го водеше. Мислам дека Бојан ми кажа дека просториите треба да се наоѓаат околу Кривичнит суд. Но, беа кај ИЗИС. Јас бев на повик – додаде Дика.