По половина час откако полицијата се врати да направи дополнителен претрес во домот на обвинителката Катица Јанева во Козле, пред нејзината куќа дојде и камион во кој неофицијално ќе се товари мебелот од околу 5 илјади евра што таа го добила од Орце Камчев за да му биде олеснета положбата во случајот „Империја“.

Според истрагата, Јанева стекнала 298.000 денари имотна корист, претежно во мебел и предмети.

Денеска, при претрес во СЈО ѝ бил одземен компјутерот на Јанева, а во текот на денот ќе се знае дали таа ќе заврши во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Пред домот на Катица Јанева забележиво е и полициско присуство.