Во некои затвори, непосредно пред да бидат погубени, затворениците имаат можност за последен пат да ја вкусат храната што ја сакаат. Ним им е оставена можност да го одберат последното мени

Избор на храната што ќе ја консумираат е последната остварена желба што ја добиваат осудените на смртна казна, тоа е непишано правило речиси насекаде низ светот. На осудениците им се исполнуваат најчудните желби за храна, бидејќи тоа е последното нешто што ќе го направат пред да бидат егзекутирани.
Ви ги претставуваме најчудните гурмански желби на осудените на смрт.

Виктор Хери Фегер

Фегер бил осуден за убиство од страна на Федералниот суд за неговите криминални дела. Осуден е на убиство со бесење. Иако тој поднел жалба на пресудата, таа била одбиена. Кога била извршена егзекуцијата тој имал само 28 години. Неговата последна желба за јадење била само една маслинка, и тоа да биде со семка. Оброкот го фотографирал фотографот Хенри Харгривс, кој напишал дека сите очекувале да побара обилен оброк, но тој побарал само една маслинка.
– Тоа е како ставање точка, како дефинирање на крајот – напишал тој.

Тимоти Меквеј

Меквеј е американски терорист, кој стои зад бомбашките напади во Оклахома Сити, кога загинаа 168 лица, а 680 беа повредени. Ова е најсмртоносниот напад во Соединетите Американски Држави по големиот напад на 11 септември. Егзекутиран е во Индијана, со смртоносна инјекција, на возраст од 33 години. Осуден е по 168 точки за убиство.
Последната негова желба била да добие сладолед со ментол и чоколадо.

Анхел Нивес Дијаз

Ангел Нивес Дијаз е егзекутиран во Флорида, со смртоносна инјекција, на возраст од 55 години. Осуден е на смртна казна поради киднапирање, убиство и вооружен грабеж, иако до самиот крај тој се изјаснувал дека не е виновен.
Тој одбил да добие последен оброк, односно немал никаква желба за храна. Поради тоа му бил сервиран регуларниот оброк што дента се служел во затворот, но на Дијаз не му било до јадење, па одбил да го изеде и тоа.

Стивен Мајкл Вудс

Вудс бил осуден на смртна казна за убиство на дилер на дрога и на неговата жена. Во 2004 година, Вудс се борел за правата на затворениците. И покрај неговата борба, сепак не успеал да се извлече од смртната казна. За неговиот случај известуваше и Амнести интернешнел. Тој беше егзекутиран во септември 2011 година, а на затворските готвачи им зададе многу работа.
Неговото мени беше едно од најголемите што еден осуденик на смрт го побарал. Негова последна желба била да добие два килограма сланина, голема пица, четири пржени пилешки гради, по два пијалака од газирани сокови, пиво и чај, сладолед, пет пржени пилешки стекови, два хамбургера со сланина, помфрит и десетина лук-лепчиња со маринада од страна.

Џон Вејн Гејси

Серискиот убиец Џон Вејн Гејси бил егзекутиран во Илиноис, со смртоносна инјекција, на педесет и двегодишна возраст. Убиецот кловн бил осуден на смрт со бесење, со 33 обвиненија за убиство. За последен оброк тој побарал 12 похувани школки, пржени пилешки батаци, помфрит и килограм јагоди.

Рики Реј Ректор

Ректор бил осуден на егзекуција на возраст од 42 години. Тој имал две обвиненија за убиство. Неговиот последен оброк бил пржено пилешко, сок од вишни и пита. Ректор ја оставил питата настрана на масата, со образложение дека ја чува за подоцна. Тој им го кажал тоа на извршителите на смртната казна непосредно пред егзекуцијата. Питата не била тргната од масата сѐ додека не бил егзекутиран.

Роберт Алтон Харис

Харис бил егзекутиран во гасна комора во 1992 година, поради убиство на две момчиња тинејџери во Сан Диего. Неговото мени се состоело од пржено пилешко месо, две големи пици, сладолед, гумени бонбони, газиран сок и цигари.

Рони Тредгил

Обвинети за убиство, Тредгил бил егзекутиран во Тексас, на четириесетгодишна возраст. Тој побарал да јаде печено пилешко, пире од компири со сос, зеленчук, сладок грашок, леб, чај, вода и пунч. Последната желба за јадење не му била исполнета, па на затвореникот му бил сервиран вообичаениот ручек што го добиле преостанатите затвореници.

Рони Ли Гарднер

Рони Ли Гарднер ја добил својата смртна пресуда во 1985 година. Тој бил егзекутиран со стрелање во Јута, во 2010 година. Неговиот адвокат истакнал дека тоа била негова желба. Последниот оброк што го побарал бил стек, јастог, пита од јаболка, сладолед од ванила, а сето тоа сакал да го јаде гледајќи ја трилогијата „Господар на прстените“.

Тед Банди

Еден од најголемите сериски убијци во американската историја, Тед Банди, бил осуден на егзекуција со електричен стол. Тој бил обвинет на смртна казна заради 35 убиства, силување, некрофилија и бегство од затвор. Тој побарал специјален, традиционален оброк од средно печен бифтек, јајца, тост со путер и мармалад, млеко и сок.