Со тешки телесни повреди се здобил пешак, откако синоќа е прегазен од товарно возило „Пежо 206“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

-На 25.09.2018 година во 07.40 часот на улица „Скупи“ во Скопје товарно возило „Пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(50) од Скопје, удрило во пешакот Н.М.(35) од с.Радуша, скопско. Н.М. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.