Осумдесет и едногодишен пешак од Скопје вчера бил прегазен на булеварот „Партизански одреди“.

Во него, како што информираат од полицијата, удрило возило со  прилепски регистарски ознаки, управувано од М.И.(28) од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.