Во тетовската полиција, вчера во утринските часови било пријавено дека на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, автомобил марка „рено клио“ удрил во пешакот Ј.К. (73).

Како што информираат од МВР, автомобилот бил управуван од В.А. (35) од Тетово.

Повредениот пешак бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им подлегнал на повредите.

Увид на местото извршила екипа од тетовската полиција.