Вчера во 20 часот на улица „22 Декември“ во Струмица 72-годишен струмичанец бил тешко повреден кога во него удрил автомобил.

-Л.М.(25) од Струмица, управувајќи патничко возило „Фолксваген Поло“ со струмички регистарски ознаки, удрила во пешакот Б.В.(72) од Струмица- информираат од МВР.

Од ударот, пешакот Б.В. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.