Фото: Илустрација/Архива

Тешко повреден е 21-годишен пешак на булевар „Александар Македонски“, откако во него удрил автомобил.

За полицијата возачот на автомобилот е непознат бидејќи избегал од местото на несреќата.

-На булевар „Александар Македонски” во Скопје се случила сообраќајна незгода во која непознато лице управувајќи патничко моторно возило „Опел” со скопски регистарски ознаки удрило во пешакот С.Р.(21) од Скопје, по што го напуштило местото на настанот- се вели во соопштението од МВР.

Со возило на Итна медицинска помош, С.Р. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.