Еден човек е тешко повреден откако автомобил удри во него додека преминувал пешачки премин на улицата „Орце Николов“, во близина на Министерството за одбрана.

Екипа на брзата помош е на терен со повредениот.

Се уште нема детали како се случила несреќата.