Патничко возило со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.А.(53) од селото Синичане вчера удрило во велосипед, управуван од М.С.(74) од Тетово.

Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, информираат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.