Возач со автомобил прегази велосипедист вчера на улицата Трајко Николовски во Прилеп, по што го напуштил местото, но потоа бил пронајден, соопшти МВР.

Возачот на автомобилот и велосипедистот се на возраст од 34 години – и двајцата од Прилеп.

Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди. Тој е хоспитализиран во Градската болница Прилеп.