На паркинг простор на улица „Ангел Мишев“ во Велес, вчера околу 11 часот патничко возило „Фиат брава“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 59-годишниот Г.Ј. од Велес, удрило во пешакот 26-годишниот Н.Д. од Велес.

Како што информираат од СВР Велес, пешакот се здобил со повреди и му била укажана лекарска помош во Општата болница во Велес.

Полицијата извршилa увид на местото на настанот.