Во Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа било пријавено дека на регионалниот пат Хиподром – Јурумлери е прегазено 6-годишно момче, кое се здобило со тешки телесни повреди. 

Вчера во 15,30 часот кај место викано „Дунек“ патничко моторно возило “Сеат“ со скопски регистерски таблици управувано од Ј.И. (58) од Скопје удрило во дете на возраст од шест години.

Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено и задржано во Комплекс клиники “Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.