Во Секторот за внатрешни работи Скопје, синоќа попладне било пријавено дека, на улица „Втора Македонска Бригада“ патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистерскитаблици управувано од А.Х.(57) од Скопје удрил во дете-пешак на возраст од 11 години.

Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Детската хирургија при Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настнаот и се работи на целосно расчистување на случајот.