Вчера на улицата „Борис Сарафов“ во скопската општина „Ѓорче Петров“ патничко моторно возило „Мазда“ удрило во 10 годишно дете-пешак.

„Маздата“ била со скопски регистерски таблици и со неа управувал 40-годишен жител на скопското село Шишево, со иницијали Т.Ј. Настанот се случил вчера утрината, околу 07.50 часот.

По незгодата со истото возило детето било пренесено во комплексот клиники Мајка Тереза, каде од страна на лекар му била констатирана тешка телесна повреда и било задржано на понатамошно лекување. Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.