Синоќа во 20 часот на булеварот Партизански одреди во Скопје возило „ауди“ удри во 15-годишен пешак од Скопје.

Од МВР информираат дека возачот побегнал по несреќата.

– Пешакот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. На местото на настанот извршен е увид од СВР Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР.