Тројца пешаци биле прегазени вчера во Скопје. Како што јави МВР, меѓу повредените има и 14-годишно девојче кое било прегазено со автомобил на булеварот „Партизански одреди“.

Девојчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а возачот побегнал од местото на несреќата.

До втората несреќа дошло вчера на улицата „Димитрие Чуповски“, кога 28-годишно лице удрило во пешакот М.А.(72) од Скопје, кој се здобил со тешки телесни повреди.

Последната несреќа во која настрада пешак во Скопје, се случила вчера на булеварот „АСНОМ“, пришто автомобил управуван од 22-годишен скопјанец, удрил во 82-годишен пешак. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, соопшти МВР.