Повредени се две деца, на возраст од седум и осум години, вчера во сообраќајки во скопското село Грчец и Прилеп, откако биле удрени од камион и автомобил.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека седумгодишно дете велосипедист било удрено од камион вчера околу 18 часот во село Грчец и со тешки телесни повреди е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде му е укажана лекарска помош. Во него удрило товарно возило „Мерцедес 508“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(45) од село Шишево, скопско.

На крстосницата од улиците „Војводинска“ и „Ладо Ланецот“ во Прилеп, вчера во 14:20 часот, патничко возило „Фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(49) од Прилеп удрило во осумгодишно дете од Прилеп. Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Градската болница-Прилеп каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Увид на местото на несреќите извршиле увидна екипа од СВР Скопје и од Полициската станица Прилеп.