Двајца пешаци се поврeдени во Струга при удар од патничко моторно возило „опел вектра“ со струшки регистарски ознаки, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, на 5 март годинава околу 17 часот на улица „Пролетерски Бригади“ возилото управувано од Љ.С.(49) од Струга, удрило во пешаците А.Д.(18) и Л.И (18), двете од струшкото село Радолишта.

– Од ударот тие се здобиле со повреди и биле префрлени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По укажаната помош А.Д. била задржана на понатамошно лекување, а Л.И. била пуштена на домашно лекување, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан ДИмоски.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.