Фото: Илустрација/Архива

На крстосницата од улица „Борис Трајковски“ и улица „Народни херои“ во Скопје вчера околу пладне 29-годишниот А.Б. од Скопје управувајќи товарно моторно возило „Фолксваген Кеди“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот В.К. (74) од Скопје.

В.К. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот