Вчера на улицата „Лески“ во Штип патничко возило со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(57) од Штип, удрило во 75-годишна жена од Штип.

Во незгодата В.Д. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Штип.