Фото: Архива

Четириесет и деветгодишна скопјанка се здоби со тешки повреди во сообраќајна несреќа што се случи синоќа пред хотел на крстосница од улицата Филип Втори Македонски и Кеј 13-ти Ноември.

„Патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Л.(30) од Скопје, удрило во Е.Б.(49) од Скопје. По незгодата Е.Б. била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде и се констатирани тешки телесни повреди“, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.