Деветнаесетгодишен скопјанец со „мерцедес“ на ул.„Сирма Војвода“ во Охрид удрил во М.Т.(58) од Охрид. Жената била префрлена за укажување на лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им подлегнала на повредите.

На местото на незгодата бил извршен увид од Јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи.