Oколу 01.00 часот во заедничка координирана акција на Бирото за јавна безбедност- Оддел за криминалистичка полиција, СВР Скопје-Единица за интервентна полиција, инспектори за малолетничка деликвенција, Управата за јавни приходи и Државен пазарен инспекторат беше спроведена акциска контрола во повеќе угоститителски објекти (дискотеки и ноќни клубови) за кои имаше сознанија дека во нивното работење има нерегуларности, како неиздавање на фискални сметки, пропуштање на лица без сертификат за вакцинација, непочитување на протоколите за справувaње со ковид 19, присуство на малолетни лица во објектите, непоседување лиценци за лица од обезбедувањет, соопштија надлежните.

По извршената контрола е констатирано дека во угостителски објект на ул. Јордан Мијалков при извршената контрола од страна на УЈП е констатирано неиздавање на фискални сметки. Од страна на Единицата за интервентната полиција приведени се пет лица без лични карти, пронајдени се две лица кои поседувале фалсификуван сертификат за вакцинација и 15 лица без сертификат за вакцинација , при што од страна на ДПИ составен е записник за затекнати лица во објектот без сертификат за вакцинација за што ќе бидат издадени прекршочни платни налози за наплата на глоба, а објектот привремено е затворен.