Во село Рибарци-битолско синоќа околу 22.30 часот во куќата сопственост на Г.Р.(80) преку прозорецот влегле две непознати маскирани лица.

-Со закана со нож и одзеле 500 американски долари, 500 австралиски долари и 20.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот-информираат од МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.