Фото: Маја Јаневска-Илиева

Затворска казна од по една година добија Шабан Весели, Бехар Далити и Бесар Калиси – обвинети за насилството што се случи на протестот за пресудите на „Монструм“.

Тие на денешното прво рочиште за случајот, го признаа делото.

За двајцата обвинети, Артон Садики и Фабио Идризи, кои се изјаснија дека не се чуствуваат виновни, судењето ќе продолжи на 31 март.

Постапката ќе биде издвоена за обвинетиот Бесим Касами, поради неговата влошена здравствена состојба, како и за Суља Башким, кој не е достапен за органите за прогон.

Обвинетите се товарат дека на 26 февруари, заедно со други лица започнале заеднички да дејствуваат кон полициските службеници, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, во обид да го пробијат полицискиот кордон. Како резултат на ова, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници.