На двајцата штипјани, кои брутално натепаа девојка, судот им изрече казна затвор од по две години и шест месеци. Пресудата е изречена од штипската судијка Јулијана Неткова кога двајцата насилници ја признаа вината на претходното рочиште.

Правната разрешница на насилството што се случило во јануари доаѓа откако на социјалните мрежи на 2 април беше објавена снимка од тепањето на девојката, која ја направиле двајцата штипјани, кои сега се осудени.

Тие беа гонети за кривично дело насилство, а казната за ваквите дела е од шест месеци до пет години затвор.

Девојката беше натепана во влез на зграда во Штип. МВР, веднаш по објавата на видеото на социјалните мрежи, ги идентификува насилниците и ги приведе.

Двајцата осудени штипјани сега имаат право на жалба до повисокиот суд.