Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н. И. (59) од с. Лакавица, вработен како поштар во Гостивар, поради три кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувањето, фалсификување исправа и проневера во службата.

Во декември 2019 поштарот сам потпишал налози за исплата на пензии за декември 2019 година, со што извршил фалсификување потпис на платните инструменти – налог за исплата на готовина ПП40 на три лица и притоа постапил спротивно на точка 66 од упатството за вршење платен промет во земјата. Со ваквото дејство пријавениот присвоил пари, кои му биле доверени во службата, и стекнал противправна имотна корист во износ од 31.841 денар на штета на С. С., Ф. Ќ., двајцата од с. Беловиште, Гостиварско, и на И. Р. од с. Лакавица, Гостиварско.