Фото: Игор Бансколиев

Кривичниот суд во Скопје целосно го одобри обвинителниот акт за сообраќајната несреќа што во февруари се случи кај селото Ласкарци, по што е формиран кривично правен предмет.

– Во однос на повеќе новинарски прашања за обвинителниот акт КО 778/19 поврзан со сообраќајната несреќа која на 13 февруари 2019 година се случи кај селото Ласкарци, ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителниот акт по разгледување и ценење на фактите и доказите приложени во актот, донесе решение со кое обвинението го одобри во целост – информираат од Кривичниот суд.

Во несреќата кај Ласкарци загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени.