Фото: Дарко Андоновски

Во кривичниот суд во Скопје утрово почна судењето за тешката сообраќајна несреќа што се случи во февруари кај Ласкарци.

Во судницата на обвинителна клупа седнаа сопственикот на „Дурмо Турс“ Дурмиш Белули, вработениот во „Дурмо Турс“, Ремзи Мифтари кој претходно бил осудуван, машинскиот инженер порано вработен во техничкиот преглед, Игор Ѓорѓиевски, исто така и Горан Дуковски, Јане Боваровски, и возачот Маноил Трифуновски. Во судницата беа присутни и нивните адвокати, како и адвокати на оштетените.

Фото: Дарко Андоновски

Предметот го застапува скопскиот обвиниетел Дарко Јакимовски, а го судат Диана Груевска Илиевска, Александра Ристеска и тројца судии поротници.

Обвинителот Јакимовски во воведните зборови рече дека судиите ќе судат за катастрофалните последици кои можело и морало да бидат избегнати.

Фото: Дарко Андоновски

-Дејствијата на овие обвинети се во директна врска со настапената последица која резултираше со смрт на 16 лица патници во автобусот, а 38 лица се здобија со телесни и тешки телесни последици. Не постои криминален ребус кој не може да се одгатне. Овој настан е кумулација на голем број пропусти кои не настанле спонатно – рече Јакимовски.

Во предметот обвинетите се товарат за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Фото: Дарко Андоновски