Во попладневните часови на 9 јуни во Полициското одделение Сарај била пријавена смрт на 64-годишник од ова скопско село.

Според пријавата, додека работел на покривот од својата куќа, 64-годишникот паднал во дворот на негов сосед.

По незгодата, тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде околу 20.40 часот починал.

Полицијата работи на расчистување на случајот.