Фото: Илустрација/Архива

Тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице се случила вчера околу 20.20 часот на улицата „Кемал Сејфула“ во скопски Чаир.

Од МВР информираат дека патничко возило „Ауди А3“ со турски национални ознаки, управувано од Џ.Ш. (28) од Скопје, удрило во пешакот И.К. (55) од Скопје.

Од ударот, пешакот И.К. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде по кратко време починал.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.