Во Македонска Каменица вчера почина 87-годишен пешак откако во него удрил автомобил.

-На улица „28-ми Август“ во Македонска Каменица, вчера во 15.40 часот Т.Н.(40) од Кочани, управувајќи патничко возило „Мерцедес бенз“ со кочански регистарски ознаки, удрил во пешакот А.Б.(87) од Македонска Каменица. А.Б. починал на местото на настанот – информираат од МВР.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Делчево.