МВР во дневниот билтен информира дека во село Визбегово од струен удар почнал 42-годишен маж, при обид да смени греач на електричен шпорет.

-На 25.05.2019 година во 12,10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „5“ во село Визбегово, Д.П.(42) при обид да смени греач на електричен шпорет во кујна, починал од струен удар. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.