Во попладневните часови на 6 јануари на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка на местото викано „Ливади“, автомобил „цитроен берлинго“ со кумановска регистарација, управуван од 66-годишниот Љ.М. од Куманово, удрил во 79-годишна кумановка со иницијали Б.М.

По незгодата таа била пренесена во Ургентниот центар во Куманово каде и била констатирана тешка повреда, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде во 23.30 часот починала.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.