Вториот параглајдерист, кој беше префрлен на лекување во болницата во Прилеп поради тешките поврди здобиени по пад кај Мечкин камен, во Крушево, вечерва им подлегнал на повредите. 

Наталија Спирова началник на оделение за односи со јавјист при МВР, за МИА, потврди дека двајцата параглајдеристи се странски државјани, од кои едниот е со украинско, а другиот со британско државјанство.

Трагичниот настан се случил денеска околу 12:40 часот, кога двајцата параглајдеристи паднале кај Мечкин Камен. Едниот загинал на самото место, а вториот со тешки повреди беше префлен во Прилепската болница.

Од МВР, засега не соопштуваат други детали за настанот.

Полицијата направи увид на местото на несреќата.