На осуденик кој издржувал казна затвор во КПУ-Идризово вчера му се слошило и бил пренсен во Комплексот клиника “Мајка Тереза“, каде и починал.

Од МВР информираат дека вчера во 20.40 часот во СВР-Скопје, од КПУ „Идризово“ било пријавено дека на осуденикот А.Л. (38), додека бил во ќелијата му се слошило и со возило на КПУ-Идризово е пренесен во Комплексот клиника “Мајка Тереза“, каде од страна на лекар била констатирана смрт.

Известен е јавен обвинител, а телото е дадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.