Триесет и четиригодишен осуденик од Тетово бил пронајден мртов во ќелија во КПУ Идризово, соопшти полицијата.

Според истиот извор, вчера попладне М.Д.(34) од Тетово во ќелија бил пронајден во бесознание. Тој со возило на затворска служба бил однесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар била констатирана смрт.

Телото на починатиот било дадено во судска медицина за обдукција.