Скопската Противпожарна бригада вечерва изгасна пожар во стан во Аеродром, во кој загинала повозрасна неподвижна жена.

Пожарот го зафатил делот со креветот каде лежела жената, која била сама во станот и поради тешката здравствена состојба не можела да побегне.

Од МВР информираат дека околу 21 часот полицијата добила пријава за пожар во стан на ул. „Методија Шаторов – Шарло“, сопственост на М.Ш.(1955), која била во станот и починала.

– Од страна на доктор во 21:30 часот констатирана е смрт. Пожарот е изгаснат од страна на БППЗ. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на судска медицина за обдукција – велат од МВР.