Во близина на Тиквешкото Езеро, во атарот на село Ресава, вчера било пронајдено починато лице.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци и било констатирано дека се работи за П.И. (71) од Прилеп. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.