Педесет и четиригодишен скопјанец е пронајден мртов вчера попладне на улицата Среќко Пужалка. Како што се наведува од МВР, нема траги на насилство врз телото на починатиот, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.