Педесет и двегодишен маж е пронајден починат на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар, во близина на село Беласица.

Медицински Центар Кичево вчера пријавил во Полициската станица Кичево дека на тоа место се наоѓа безживотно машко тело паднат од велосипед.

Од страна на доктор од Итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство. Увид на лице место извршила увидна екипа на ПС-Кичево, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.