Двајца пешаци, возрасна жена и 11 – годишно дете, се здобиле со телесни повреди во две одвоени сообраќајни несреќи што вчера попладне се случиле во Тетово, информираат од СВР Тетово.

Со потешки телесни повреди, скршеница на десната рака, поминала Б.В.(72) од Тетово откако околу 16:50 часот била удрена од автомобил „Ровер“ со гостиварски таблици што го управувал засега непознато лице и кое веднаш по сообраќајката избегало. Повредената тетовка веднаш била прфрлена во Клиничката болница во градот каде и била констатирана скршеница на десната рака и пружена соодветна лекарска помош. Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Тетово. Се работи на откривање на идентитетот на возачот и негово пронаоѓање.

Другата сообраќајна несреќа со повреден пешак се случила два часа подоцна околу 18: 50 часот на крстосницата од улиците „Ѓоце Стојчески“ и ЈНА при што С.Х.(36) од Тетово управувајќи БМВ удрила во 11 – годишно дете од Сиричино. Повреденото дете било пренесено во тетовската клиничка болница и по укажаната лекарска помош било пуштено на домашно лекување. Полицијата по извршениот увид работи на расчистување на причините и другите поединости за сообраќајката.