Тетовската полиција поведе постапка против двајца малолетници и еден 19-годишник од тетовското село Ларце поради сомнение за сторено кривично дело грабнување во обид.

Како што информираат од МВР, на 14 април годинава, во селото Ларце, лицата на возраст од 13, 17 и 19 години се обиделе на сила во автомобил да внесат 11-годишно девојче, кое успеало да им избега.